Абе денес од расправии кај РБ за митологии сум ја пропуштила веста на денот.

Одбраната на Душко Ескобар!

Читајте го нашиот Зола,пер фавор ,со молба кон Претседателот.

ОДБРАНУВАМ!

“Како што пишуваше Зола, писателот не треба да биде моралист, но треба да биде анатом кој ќе прикаже во каква состојба се наоѓа мртвото тело.

Во период кога борбата меѓу опозицијата и власта се заканува да ја уништи државата, Вашата улога на претседател со полн морален и професионален кредибилитет може да биде пресудна.”

Вистина ли бе расте канабис по нивите на селаниве а тие немаат појма што е?

Само од компир,пченка и сончоглед се разбираат а тревата не ја корнат,цццццц.

Башка мислев дека борбата на власта и опозицијата е некоја демократска придобивка а не уништувач на држави.

Јасно ставам до знаење дека неам поим и не ме интересира дали е крив Душко .

Дали продавал лоша тревка или бил мрзлив земјоделец нека се докаже на суд.

Ај, и Хорхе ќе помага.